Мицкоски и предложените кандидати за техничката влада денеска на дебата
Денеска со почеток во 12:00 часот во хотел Холидеј ИН, ќе се одржи дебата „Важно е“.
Платформа за иднина на тема Важно е да имаме фер избори, на која ќе учествуваат:
-Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
-Панче Тошковски, предложен кандидат за технички министер за внатрешни работи,
-Ѓоко Велковски, предложен кандидат за технички министер за труд и социјална политика,
-Елена Петрова, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за финансии,
-Цветан Трипуновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,
-Стефан Андоновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.
Дебата ќе ја модерира Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од опозициската партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа