Мицкоски и претставници на ВМРО-ДПМНЕ беа гости на Конгресот на ЦДУ на кој е избран Армин Лашет како нов претседател

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со потпретседателот Александар Николоски и секретарите за меѓународна соработка Влатко Ѓорчев и Тимчо Муцунски зема учество како гостин на 33-иот Конгрес на ЦДУ кој се одржува од 15 – 16 јануари.

ВМРО-ДПМНЕ негува децениско партнерство и соработка со сестринската партија ЦДУ, со која сме членки и на ЕПП, а која од нејзините редови ја даде канцеларката Меркел, која цела деценија го трасира патот на модерна Европа и е еден од гарантите за европскиот развој, безбедност и стабилност.

На Конгресот се очекува избор на следен лидер на Партијата кој ќе ја наслед Анегрет Крамп-Карембауер.
Покрај бројните говорници, меѓу другите ќе се обратат: Канцеларката Ангела Меркел, претседателката на ЦДУ и Министер за одбрана на Германија, Анагрет Крамп-Карембауер, претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен и потпретседателот на ЕПП и Европратеник Дејвид Мекалистер.

Конгресот е целосно дигитален.

Новиот претседател на ЦДУ ќе биде избран од страна на мнозинството од 1001 Делегати, кои избираа помеѓу Армин Лашет, Фредрих Мерц и Норберт Ротген.

Во вториот круг од гласањето избран е Армин Лашет.

ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски му честитаат на господинот Армин Лашет и му посакуваат успешна работа, истовремено се надеваат на успешна соработка со ЦДУ и во текот на период што следи се со цел уште позабрзан развој на демократијата и економијата на Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега