Мицкоски: Инфлацијата ќе биде двоцифрена, на тоа влијае и цената на струјата која ќе расте, зашто власта краде наместо да работи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната посета на општина Ѓорче Петров одговараше на новинарско прашање во врска со најновите извештаи од Народна банка за проекцијата на нивото на инфлација. Мицкоски рече дека инфлацијата реално е двоцифрена, а ќе има и ново зголемување на цената на електричната енергија сега во јуни и тоа дополнително ќе влијае, бидејќи ЕЛЕМ не произведува струја и мора од некаде да се увезе, а бидејќи се увезува таа чини 10 пати поскапо. Непроизводството на струја Мицкоски го темели на тоа што власта краде.

- Да не крадат ќе произведуваат, многу едноставно е, но тие се фокусирани на багерите со регистарски таблички од еден град од југоисточна Македонија. Но, нејсе, суштината е дека допрва ќе имаме нови импути кои ќе се појавуваат и најверојатно ќе излезе со некоја нова ревизија таму наесен Народна банка и ќе го каже ова што денес јас го зборувам, а тоа е дека инфлацијата ќе биде двоцифрена, нешто што не ни се случило после ’93 - 94-та година. Ете во таква една средина живееме за жал.

Затоа, избори се битни, затоа го повикувам Ковачевски да се вразуми, да не биде заробен како што вчера го гледавме на стадионот во Чаир, да излезе, да седнеме на маса и да договориме дата за предвремени парламентарни избори. – рече Мицкоски.
 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

16.05.2022 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега