Мицкоски: Ќе го тужам СДСМ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ја тужи СДСМ за клевета пред граѓанскиот суд.
Тој денеска на ТВ24 рече дека ќе бара СДСМ на суд да го докаже тврдењето дека тој е „докажан криминалец“
„Ќе оставам уште денеска да се извинат и да ги повлечат тврдењата. Во спротивно, вечерва или во текот на утрешниот ден ќе поднесам тужба за клевета“ – изјави Мицкоски.
03.10.2022 - 11:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа