Мицкоски: Котлар уште во првите 100 дена ќе ги реши сите проблеми на пазарџиите

Наташа Котлар уште во првите 100 дена ќе ги реши проблемите на пазарџиите, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со кандидатката за градоначалник на општина Центар беа во посета на Зелениот пазар во Скопје.

-Да покажеме дека можело поинаку, дека може да се работи за интересот на граѓаните, бидејќи ние како ВМРО-ДПМНЕ сме народна партија и нашата коалиција за „Обнова на Македонија“ е коалиција на народот пред се и тоа го зборував за време на оваа кампања на локалните избори дека е ова историски најголемата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата за „Обнова на Македонија“ заедно со народот. Така и ќе продолжиме и во првите 100 дена тоа кое што ќе го преземеме сега како обврска ќе го реализираме, за да покажеме дека можело поинаку, да ја вратиме самодовербата кај граѓаните. Истата таа изгубена бидејќи се разочарани од поразите изминатиов период, изминативе години. Да видат дека не се политичарите луѓе кои што гледаат само за свој личен интерес, луѓе кои што уживаат во привилегиите од политиката, туку и дека политичарите, оваа нова генерација политичари се луѓе на народот и заедно со народот ќе функционираат. Мораме да покажеме една поинаква реалност. Мораме да покажеме еден поинаков карактер, едни поинакви вредности од сето она кое што денеска беше слика за еден политичар во ова наша сиромашна и напатена Македонија, рече Мицкоски.

 

20.10.2021 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега