Mицкоски: Лошите политики на владата доведоа до празни рафтови за леб

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Гази Баба кажа дека граѓаните треба лебот да го добијат по најниска цена којашто треба да ја има.

- За жал егзибиционистичките и лошите политики на оваа влада, големата инфлација, рекордна во Европа, Македонија има двојно повисока инфлација споредено со ЕУ, доведе до тоа да покрај тоа што пред неколку месеци имаше редици за нафта и бензин, денеска да имаме празни рафтови за леб, кажа Мицкоски.

Тој потенцираше дека ваквите политики на власта не доведоа до тоа како во годините од поранешната држава кога за жал основните артикли граѓаните не може да ги имаат на располагање.

- Затоа често пати споменуваме дека оваа влада треба да замине. Колку подолго седи таму, толку повеќе системот и институциите се нефункционални и толку побргу Македонија назадува, додаде Мицкоски.

03.03.2023 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега