Мицкоски: Маричиќ да го советува Петков да не се меша во македонските внатрешни работи

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа, на ТВ24, им посочи на новинарите да му постават прашње на бугарскиот премир Кирил Петков, зошто инсистираат македонскиот јазик да биде согласно уставот, а не само македонски јазик, на кој народ припаѓа Гоце Делчев и кој го кренал Илинденското востание.

- Затоа утре поставете му ги прашањата на Петков на утрешната прес конференција. Ако одговори така како што очекувам, нема да има пречка за првата меѓувладина конференција. Утре ќе се сретнам со Петков во 18.20 и ако новинарите не го прашаат ова што го предлагам, јас ќе го прашам. Бугарите велат дка нивниот устав не опфаќа колективни, туку индивидуални права. Очекувам Маричиќ да го советува Петков да не се меша во македонските внатрешни работи и да бара уставни измени, изјави Мицкоски.

17.01.2022 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега