Мицкоски на Централниот комитет на партијата: Ќе се бориме за формирање на ново мнозинство, но не власт по секоја цена

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот Централен комитет на партијата истакнал дека тие ќе се борат за формирање на ново парламентарно мнозинство, но не власт по цена на принципите и вредностите врз кои почива македонската држава.

Извори од партијата за Пресс24 велат дека на седницата станало збор и за можните комбинаторики за идно коалицирање.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ едногласно го овластило лидерот Мицкоски да преговара за идно коалицирање и обезбедување на мнозинство.

Мицкоски во обраќањето, како што брифираат извори од партијата, изјавил дека ќе направи сѐ што е во негова моќ да обебезбеди мнозинство за состав на новата влада, но не власт по секоја цена.

-Црвените линии се нашите принципи и вредности во кои веруваме, а врз кои почива идејата за ВМРО и современата македонска држава, истакнал Мицкоски.

Расправата продолжува, а членовите дискутираат повеќе точни од дневниот ред.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега