Мицкоски на средба со в.д амбасадорот на Германија: Потребни се предвремени парламентарни избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска имаше средба со в.д амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија Ото Граф. На средбата стана збор за актуелната политичка и економска состојба на државата и европските процеси на државата, соопшти партиската прес-служба.
- Мицкоски рече дека владата на СДСМ и ДУИ целосно потфрли во делот на македонската економија, а како резултат на тоа е се поголемата сиромаштија и нискиот стандард на граѓаните, нагласувајќи дека се потребни промени и одржување на предвремени парламентарни избори. Истакна дека земјата не се справува со криминалот и корупцијата кои доаѓаат токму од високите владини функционери за кои веќе има неколку судски процеси но нема правна разрешница, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски се заблагодарил за поддршката од Сојузна Република Германија и порачал дека за доброто на државата и граѓаните добро е средбите и соработката помеѓу двете земји да се интензивираат и унапредуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа