Мицкоски не очекува промена со доаѓањето на новиот мандат Ковачевски

 

Продолжува заробената држава, продолжува хибридниот режим, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од новата Влада и мандатарот Димитар Ковачевски.

-ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема пратеничка група во моментот. ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголем број градоначалници, три-четири пати повеќе од СДСМ. Со најголем број советници во општините. Но, ете, Пендаровски продолжува да биде дел од хибридниот режим и од заробената држава и одлучува да му го даде мандатот на лице коешто ниту учествувало на избори, ниту пак, ја побарало довербата, ниту има каков било народен кредибилитет да биде тоа, рече Мицкоски.

Вели дека очекува да продолжел „заевизмот“ бидејќи лица кои досега биле во подолните ешалони на СДСМ се во Извршниот одбор на партијата.

-Ако ме прашате дали очекувам некој поголем пресврт, мојот одговор е: „Не, не очекувам. Напротив очекувам продолжува на слободниот пад и продолжување на заевизмот кој беше жестоко поразен на два пати, во првиот и во вториот круг на локалните избори“, рече Мицкоски.

29.12.2021 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега