Мицкоски: Нема да дозволиме мафија да ни ги потроши и следните 4 години

По изборот на новата Влада, јавно им одговори на иницијаторите за нов Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и за избор на ново партиско раководство: соопшти дека нема намера да поднесе оставка, бидејќи тоа им оди во прилог токму на оние против кои партијата се бори. Најави жестока битка за поразување на пактот меѓу власта и политичко-криминалното подземје кое се нуди како опозиција на опозицијата за да се спаси власта. Во разговор за Дојче Веле, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, говори за претстојните активности на партијата со кои планира да ги реализира најавените цели.

На прашањето дали овие освежувања ќе помогнат да ги демантираат опонентите во следниот изборен циклус, Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има несомнено најголем демократски капацитет споредено со другите партии од власта.

Донесовме убедливо најдемократски статут кој овозможува голема децентрализација во носењето на одлуките во партијата, а тоа беше поздравено и од нашите европски партнери и партии. Имавме доблест да се извинимеза оној дел од политиките кои биле грешка во минатото, затоа што ние имаме искрен и доблесен однос за разлика од нашиот политички противник. Спроведуваме кадровско доекипирање, своевидна катарза која дава шанса на нови лица што се желни да работат за справување со актуелната власт и со сето она што таа го претставува. Јас и ВМРО-ДПМНЕ имаме еден противник: тоа не се самонаречените иницијатори од хотелската коалиција, кои патем немаат поднесено иницијатива за Конгрес за кој толку многу говорат и го најавуваат, туку за противник го имаме изворот на лошиот живот во државата, а тоа е СДСМ и Зоран Заев кои во државата создадоа поларизираност и една елитизирана каста која ја обединува криминалот. Во таа каста, што јас ја нарекувам мафија, обединувањето не е по партиска припадност, туку по интересот за пари и власт, бидејќи таму гледаме дека ликови од различни провиниенции се едно исто. Е јас, заедно со народот се бориме токму против тоа. И навистина морам да потенцирам дека во општествениот дискурс наметнаа една шизофрена состојба, која е мотивирана и потхранувана од власта, а тоа е создавање на чувство и перцепеција дека за сите неправди, криминали, поларизирања, сиромаштија и економска стагнација не се виновни оние кои се извор на тоа, а тоа е СДСМ и целокупната власт, туку дека е виновна ВМРО-ДПМНЕ која тоа не го спречува, иако ние како партија со сите наши сили се бориме против тоа зло.

Замислете – ние имаме состојба која се гради низ медиумите дека треба да се прослави, на пример, спроведување на законот со рушење на дивоградбата во ‘Мавровка’ кои сами дозволија да се изгради, и сега тоа е вест, а всушност треба да биде рутинска работа на државните органи кои пропуштиле да си ја завршат работатата. Но народот е целосно свесен со што си има работа и допрва нѐ чека напорна работа и многу труд за рушење на овој хибриден режим. Освежувањата кои ги правиме ќе бидат нова енергија во таа борба против власта и верувам во успех. Во државава има огромно опозициско расположение.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега