Мицкоски нема да оди на прославата на Рамковниот договор

Ниту претседателот на партијата, ниту претставници на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на централната прослава на Рамковниот договор закажана за утре во хотелот Александар Палас.

Ова може да се заклучи од соопштението кое партијата го испрати изутрината.

-Воедно треба власта да одговори дали прославата на рамковниот и одложување на мерките заради прославата не значи доказ за целосно политизирање на процесот и воедно лажната грижа за здравјето на граѓаните. Оттука ВМРО-ДПМНЕ ниту претседателот Мицкоски нема да учествува во таквиот декор. Нема потреба од партиска предизборна парада во услови на тешка економска и здравствена криза, рамковниот договор е завршена работа. Парите можеше да се искористат за многу други цели!, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби соопшти дека бил одлучено да се откаже големиот концерт кој требаше да се одржи по повод прославата. Сепак, власта не се откажува од централната прослава кде според најавите треба да присуствуваат околу 300 гости. Само два дена подоцна во сила стапуваат новите рестриктивни мерки кои предизвикаа бура реакции во јавноста.

 

12.08.2021 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега