Мицкоски: Нема да се занимаваме со градоначалниците од СДСМ и ДУИ, сите знаат колку се лоши

Планираме да водиме позитивна кампања, а не да се занимаваме со тоа колку се лоши градоначаниците на СДСМ и ДУИ бидејќи тоа граѓаните го знаат, тоа е исто како да зборуваме за минатогодишниот снег, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој нагласи дека е особено изненаден од поддршката на СДСМ за градоначалник на Прилеп кој е, како што нагласи, транзиски политичар кој единствено може да ѝ конкурира на Радмила Шекеринска. СДСМ однапред призна пораз во Прилеп и Битола, рече Мицкоски.

Сакаме да излеземе со кампања на надеж, кампања која ќе понуди решенија за акутните проблеми за нашето општество, рече Мицкоски и нагласи дека притоа мисли на борба без компромис со криминалот и корупцијата, најави многу проекти и нивно остварување, отчетност, транспарентност и нормална, чесна и честита работа.

Мицкоски на новинарско прашање повтори дека нема да се занимава со градоначалниците од редовите на СДСМ и ДУИ, но во однос на кандидатите, рече дека е изненаден од тоа што се случува особено во пелагонискиот регион.

„За Прилеп и Битола СДСМ практично веќе призна пораз. Во Прилеп е кандидиран за градоначалник транзициски политичар кој едино може да ѝ конкурира Радмила Шекеринска, малку беше министер, малку директор и слично. Но прилепчани ќе стават крај на неговата кариера, па ќе може да се посветги на рестораните, а има основано сомневање дека се случуваат незаконски работи“, рече Мицкоски.

01.09.2021 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега