Мицкоски од Крива Паланка: Цениме дека имавме успешна кампања

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Крива Паланка, каде на претпоследниот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори им се обрати на жителите на градот.

Како што посочи ВМРО-ДПМНЕ денеска изборните активности ги завршува со собир во градот, а претходно ќе ги посети Кратово и Ранковце.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во текот на кампањата говори за нивната понуда, за проектот „Обнова“, којшто е испишан на 360 страни, за тоа како до повисоки плати, повисоки пензии, како до четири милијарди евра инвестиции домашни и странски, како до 640 милиони евра субвенции за земјоделците и нов иновативен пристап во земјоделието, како до реформи во здравството, правосудството што е есенција.

-Така што имавме што да понудиме и цениме дека имавме успешна кампања и цениме дека поддршката од страна на граѓаните нема да изостане во среда, а потоа да ги засукаме ракавите и сето она кое што сме го ветувале и сето она на кое што се обврзавме да го испорачаме.

Нагласи дека она што можел да го види денеска и да чуе од граѓаните е дека се соочуваат со проблеми.

-Луѓето не се задоволни од секојдневнието, не се задоволни од ова политичко мочуриште наметнато од пандемија повеќе од три години од ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев кое што гледаме цела кампања ја помина заглавено во минатото се уште споменувајќи некаков режим, а имаа повеќе од три години да се справат со тоа со кое што они го нарекуваа режим, наместо денеска да бидат нивни лојални поддржувачи и верен коалиционен партнер имаа можност повеќе од три години да покажат и докажат дека тоа што го тврдеа во минатото е вистина, рече Мицкоски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа