Мицкоски: Оваа Влада прави глупости на дневна основа

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Само интервју" на Канал 5 Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, економската и здравствената криза, пописот кој се планира да се спроведе во земјата и долго очекуваните вакцини.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ја заврши 2020 година со интензивни протести пред Владата, но дека во оваа 2021 година можеби и нема толку многу да протестира, бидејќи таа улога ќе им се препушти на СДСМ и Зоран Заев, бидејќи според Мицкоски таа е гарнитурата која што за многу брзо време ќе биде во опозиција.

Мицкоски додаде дека ова е Влада која што на дневна основа секојдневно прави глупости и несериозни чекори, што доволно кажуваат за тоа какви луѓе ја водат Република Македонија и дали воопшто на такви луѓе треба да им се дозволи и понатаму да раководат со земјата.

"Покрај актуелните теми со Бугарија, вакцините, пописот и така натаму, секојдневно се среќаваме со страшни и непромислени работи кои што Владата предводена од Зоран Заев ги прави. Овој пат можеме да кажеме и дека главниот акцент е ставен на пописот кој своеглаво го туркаат, а не се свесни колкава штета ќе направат со истиот. Но, за овие грешки и глупости ќе им судат граѓаните", додаде Мицкоски.

СДСМ треба да знае дека на ВМРО-ДПМНЕ му недостасуваат само два пратеници плус за да се турне оваа квинслишка Влада, а само три пратеници за ја да превземе власта. Така да, ВМРО-ДПМНЕ будно ќе ги следи процесите во Собранието и вон него, а СДСМ нека биде уверено дека им следи пеколен период во 2021 во која ќе треба да се соочат со многу работи, заврши Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега