Мицкоски: Патот до Охрид ќе не чини повеќе но ќе го завршиме за 2 години

 

Големи градежни зафати продолжуваат на автопатот Кичево–Охрид, кој по повеќегодишни доцнења се очекува целосно да биде завршен на почетокот на 2027 година, потврдија надлежните институции. Проектот, кој започна уште во 2014 година, значително ќе поскапи поради непредвидени интервенции на теренот.

Според најавите, моментално се работи на стабилизирање на 15 свлечишта, како и на комплетирање на еден од најважните сегменти – тунелот, кој е клучен за поврзувањето на трасата.

Динамиката на изградба на автопатот Кичево – Охрид пред 8 месеци беше до никаде. Се работеше во три смени мжестоко, посветено и резултатот од тоа е 17 километри иако тој дел е 20 километри, но оној делот кој се скршнува најкај Пресека дој тунелите не е пуштена бидејќи тој дел заедно со делот  од Врбјени до Кичево во должина од 17 километри треба  дополнитлно треба да се заврши бидејќи 10 свлечишта кои треба да се стабилизираат. Очекувам во август да се почне со нивно стабилизирање. Тој дел треба да биде завршен до декември или прв квартал 2027 . Делот  од 5 километри од село Ботун каде што има 6 многу поголеми  ипопредизвикувачки слечишта.За сето ова ќе треба да ја зголеми рамката на кредитот бидејќи за ова не биле планирани средства. Исто така се привршува работата од Климештани до Охрид. тие се исто така околу 17 километри кои ќе бидат готови до крајот на август. Очекувам од 57 километри колку што е долг патот  35 километри да бидат пуштени до крајот на август, минус 5 километри кај Ботун и минус оние 17 километри од излезот на тунелот до Килево да бидат завршени до крајот на 2026 година и почетокот на 2027 година – рече премиерт Христијан Мицкоски.

Изградбата ќе ги надмине првично предвидените финансиски рамки, и според проценките, крајната цена може да достигне и над 600 милиони евра, поради дополнителни анекси на договорите, теренски услови и потребата од геотехничка стабилизација.

И покрај тоа, властите уверуваат дека автопатот ќе биде „стратешка артерија“ што ќе го поврзе западниот дел од државата со туристичкиот регион околу Охрид и Струга, а ќе значи и побрза врска со Албанија.

Што е досега изградено?

Делницата од 20 километри меѓу Врбјани и Ботун веќе е отворена за сообраќај, што е прв конкретен чекор напред по повеќе од една деценија.

Со завршување на целиот автопат, ќе се скрати времето на патување, ќе се подобри безбедноста и ќе се зголемат економските можности за регионот.

14.07.2025 - 12:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега