Мицкоски: Политичарите мора да им обезбедат услови на младите за да останат дома
„Ми преставува исклучително задоволство да го поздравам конгресот на ЈЕП, младинска организација која преставува иднината на политичкото дејствување во Европа, организација која е иднината на политичкиот живот во Европа и организација од која ќе произлезат новите политичари кои ќе ги носат одлуките за своите европски држави и народи“, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Пред мене ја гледам европската енергија која ќе ги движи процесите во наредните децении, и која ќе продолжи да ја гради Европа на темелите на која е поставена, темели на демократијата, европските вредности и традиции, но и просперитетот на кого само небото може да му биде лимит.
Велат на младите останува иднината, а иднината доаѓа секогаш многу брзо и затоа ние како европски народни партии мораме да работиме посветено да ја направиме симбиозата помеѓу искуството и животната сила која вие младите ја имате, за да ја обезбедиме таа иднина на Европа. Тоа најдобро може да се направи помеѓу ваквите соработки, споделувања на идеи и градење на мостови помеѓу младите од европските земји. Мудроста и знаењето се мултиплицираат кога ќе се споделат, кога ќе го поминат тестот на критиката, кога ќе се надополнат и надградат и потоа се стават во функција на подоброто утре. Тоа е суштината на хуманизмот и држава на благостостојба. Не верувам во утопии, но верувам дека секој слободен човек треба да се стреми кон совршенство, бидејќи тоа е движечка сила кон подобро, која ги надминува проблемите и кој секогаш создава додадена вредност.
Знам дека повеќето од вас, кои доаѓате од различни земји имате различни приоритети и различни проблеми кои сакате да ги менувате и надминувате, но ова кое што го говорев е суштината на секоја ваша визија- да изградиме подобро утре за себе и за својот народ. Тоа е лидерството, порача Мицкоски од вечерашната говорница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа