Мицкоски: Пратениците да ја поддржат иницијативата за продолжување на рокот на пасошите и да стават крај на голготата на македонските граѓани

 

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци ги повика пратениците да ја поддржат иницијативата на народните избраници од неговата партија за продолжување на рокот на важноста и за патните исправи до 31 декември 2024.

 

-Без разлика од која политичка партија доаѓаат да ја поддржат иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и истото тоа да го направат и за личните карти и за пасошите. Еве, беше Талат Џафери во Брисел, помина, се гоштеваше, газеше црвени теписи таму, помина, се врати и нема резултат од сето тоа. Тоа може да се случи само во македонскиот Парламент. Ги повикувам пратениците да стават крај на голготата на македонските граѓани, да не бидеме затвореници и притвореници поради лошите политики, недржавните политики, анационалните политики на владата на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

 

Инаку, во понеделникот техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа предлог измени за два закони за продолжување на рокот на возачките дозволи но и на пасошите. Пратениците се договорија да го продолжат рокот на важност на возачките дозволи, но пратениците од мнозинството немаа расположение за да поддржат продолжување на рокот на важност и на патните исправи па поради тоа овие измени воопшто не стигнаа до седницата во Пленарната сала.

 

14.02.2024 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега