Мицкоски: Преговараме и со пратеници од СДСМ за новото парламентарно мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, секојднево работи на постигнување на мнозинство од 61 пратеник за да се постигне распушатање на оваа Влада, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

– Правно треба 61 пратеник да крене два прста во Парламентот и на тој начин да се распушти оваа Влада и да се закажат евентуално нпви предвремени парламентарни избори. На друг начин, за жал, не можеме. На методологијата како да дојдеме до 61 пратеник, секојдневно работиме на тоа. Кога ќе имаме мнозинство од 61 пратеник, ќе ја информираме благовремено македонската јавност – рече Мицкоски.

Како што рече, не сака да открива детали бидејќи се уште се работи на ново парламентарно мнозинство, во кое, тврди, е опфатена и пратеничката група на СДСМ.

Коментирајќи ја изјавата на лидерот на Беса, Билал Касами дека за локалните избори нема да коалицираат само со ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на опозициската партија рече дека тој тоа повеќе го доживеал како навреда кон неговите (Касами) политички конкуренти затоа што смета дека гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини, како на пример во Тетово каде што Касами ќе се кандидирал, а Фадил Зендели во Гостивар, е толку голема што не му е потребна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

– Јас му посакувам среќа и успех во неговата намера и една порака во политиката такви изјави даваат луѓе кои што или не ја разбираат политиката или политиката им е повеќе како хоби – рече Мицкоски.

01.06.2021 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега