Мицкоски: Секој од вас нека си го постави прашањето дали живеете најдобро?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Чашка на граѓаните им порача да си го постават прашањето дали сега живеат најдобро, додавајќи дека тој одговор кажува каква одлука треба да донесат на 17-ти октомври.

Секој еден од вас треба да одговори на прашањето дали живеете најдобро? Тој одговор го слушам дека е не насекаде низ Македонија дека не само што луѓето не живеат најдобро, туку никогаш не било полошо, Овие избори се локални, но со едно суштинско и подлабоко значење, бидејќи од вашиот избор, од вашата одлука зад параванот зависи колку сакате да се променат работите. Изборот се сведува на тоа дали ќе ја дозволите нивната ароганција со која ви велат дека се најдобри, тогаш кога се најлоши, да продолжат разочарувањата, неисполнетите ветувања, убавите лажни зборови кои носат болна иднина, или заедно ќе почнеме процес на промени, вели Мицкоски.

Ќе дадете шанса да создаваме заедно новa, поубава иднина заoснована на реални потреби и да покажеме сите заедно дека зборот вреди. Да го менуваме системот, да не се потргнуваме настрана пред оние кои не знаат, не можат и не сакаат да ја видат Македонија успешна, рече Мицкоски.

09.10.2021 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега