Мицкоски: Во проектот „Обнова“ ќе најдете повеќе од 1.000 проекти и четири милијарди инвестиции

Во проектот „Обнова“ ќе најдете повеќе од 1.000 проекти. Ќе најдете до 25 проценти зголемена просечна плата во еден мандат, најмалку до 20 проценти повисоки пензии, најмалку 1.000 нови и реконструирани патишта, четири милијарди евра странски и домашни инвестиции, порача вечерва од општина Карпош претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Нагласи, дека тоа што ги прави поразлични од своите политички противници, е љубовта кон својата држава.

– Ја чувствувам енергијата на промени, дека народот сака овој пат да си ја врати државата, која му беше киднапирана. За тоа да се случи потребно е на 15 јули масовно да излеземе и да го заокружиме редниот број 14, за победничката листа на коалицијата за „Обнова на Македонија“, изјави Мицкоски.

Македонскиот народ, нагласи Мицкоски, секогаш се исправувал и победувал и против потешки протовници и пред поголеми предизвици и затоа изрази убедување дека на 15 јули ќе ја покаже таа победничка енергија.

Дефицитот во буџетот е 420 милиони евра, рече Мицкоски, пари потрошени за поткуп на овие избори.

– Но, јас сум непоправлив оптимист и уверен сум дека народот ќе го препознае тоа и ќе му го заврти грбот на Зоран Заев, изјави Мицкоски.

Се обврзувам, рече тој, дека во првите шест месеци ќе докажеме секој што се огрешил пред народот.

– Ние нема да почнеме со ветинг од судството. Ќе почнеме со ветинг на политичарите. Да видиме кој политичар како се богател и неколкупати го зголемувале сопствениот капитал. Секој да се провери. Јас лично прв се пријавувам да бидам подложен на ветинг, ама потоа ќе продолжиме со сите, изјави Мицкоски.

Носителката од ВМРО-ДПМНЕ на листата во ИЕ 1 Гордана Силјановска Давкова, порача дека по 15 јули треба ставиме крај на уникатниот политички систем, на уникатниот јазичен модел, на уникатната демократија и политичка култура и да си го откриеме, исправиме и возобновиме европското во нас.

– Македонија мора да стане стабилна држава со стабилни институции, наместо со пресилни поедници. Парламентот мора да стане демократска школа и да ја контролира владата, нагласи Силјановска Давкова.

Модерна Европа, посочи Силјановска Давкова е сојуз на држави нации, и затоа само со граѓански брод можеме мирно да пловиме низ европскиот простор.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега