Мицкоски за 27 април: Ќе има ревизија на тој и сите политички диктирани пресуди по падот на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за случајот 27-ми април истакна дека за сите политички и диктирани пресуди по падот на Заев ќе има ревизија.

-Имаме заробено обвинителство каде што се диктираат обвиненија не само за 27-ми април туку зборуваме и за поширок опфат кои што служат за политички прогон. Имаме судство кое што функционира под диктат, односно како владетелот, а тоа е во случајот Зоран Заев и СДСМ ќе им издиктираат и такви пресуди се носат. Ако сето ова го сумираме и го изанализираме тогапш доаѓаме до заклучокот дека сме хибриден режим и не треба да не чуди што сме најкриминалната и најкорумпираната држава на Балканот според меѓународната реномирана „Транспаренси Интернешнл“. Тоа само по себе не води кон еден општ заклучок кој што би бил во следнава форма, следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сите овие издиктирани обвиненија, сите овие нарачани судски пресуди ќе ги ревидира и врз основа на таа ревизија која што ќе ја прават колеги обвинители, судии, но кои што биле чесни изминатиов период и не потклекнале на диктатите и нарачките на Зоран Заев и оваа власт, рече Мицкоски.

Вели дека сите оние судии кои што прифатиле диктати и судски нарачани пресуди ќе бидат соодветно согласно Законите и Уставот санкционирани. Така што неминовна ќе биде ревизија на сите овие нарачани под политички диктат донесени судски пресуди веднаш после промената на власт. Вклучително и за случајот 27-ми април, но и вклучително и за многу други политички случаи.

-Ќе потсетам, и ќе ја потсетам македонската јавност дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија чиј што имот поради случај кој што се води, а кој што е отпочнат надвор од законски дефинираниот рок согласно СЈО, кое што сите знаеме како заврши, има блокиран имот. И како таков не може да го располага и нормално да функционира. И како таков е единствен во Европа и можеби единствен во светот, поради еден судски, политички монтиран случај кој што е покренат веднаш после 18 месеци, после рокот кој што согласно Законот за СЈО, кој што во тоа време беше функционален заврши практично, 18 месеци после тој рок. Така што не е само случајот 27-ми април, тој е еден од случаевите со огромен политички прогон, тука се и случаевите кои што во моментов се водат во судските лавиринти и меѓу кои е и случајот за против партијата чиј што имот е би рекол на неправеден, незаконски, неуставен начин замрзнат, истакна Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2021 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега