Мицкоски за годишнината од Карпалак: „Слава за хероите кои загинаа за Македонија!“

Претседателот на на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати порака и се присети на загинатите резервисти кај Карпалак пред 19 години.

„Слава за хероите кои загинаа за Македонија!
Нивната пожртвуваност е наша обврска да не заборавиме дека нашата слобода е изѕидана со многу животи, одрекувања и посветеност. Но и наша задача да обезбедиме мир, просперитет и добар живот за сите луѓе“, напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2020 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега