Мицкоски за Османи: Тој нема кредибилитет да преговара за мојот македонски идентитет
Бујар Османи нема кредибилитет да преговара за мојот македонски идентитет, порача денеска од Ваташа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчeрашната изјава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека после уставните измени Бугарија нема повеќе да не блокира.
“Тој не може да ми кажува што и како мисли Бугарија. Во минатото наместо како министер за надворешни работи на Македонија да покаже основно почитување, тој тоа го пропуштил, и не само што не покажал почитување туку и го погазил. Ќе го советувам Османи, да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи да земе еден пример од една европска земја и да дојде овдека на овој споменик во Ватша и да клекне и да се извини и да побара прошка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор. Тогаш можеме да седнеме и да размислуваме за било каква прошка. Ете тоа го има направено германски министер кој клекнал и се извинил за тоа што го оравеле германските фашисти во Полска. Може и тој во името на бугарските фашисти да дојде овде во Ваташа и да клекне и да побара прошка“, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа