Мицкоски за „Профитерски ГУП“: Важно е да се запре урбаната мафија
Генаралниот урбанистички план за Струмица претставува сериозен проблем за жителите на Втора урбана заедница. Овој криминален “Профитерски ГУП” е штета на над 40-тина фамилии кои не можат нормално да функционираат од оваа урбана заедница, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ќе следи ревизија за сите кримимални дејства за богатења на поединци од оваа ненародна власт.
ВМРО-ДПМНЕ преку советничката група во општина Струмица со сите демократски алатки ќе оспори овој Урбанистички план.
Важно е да се запре урбаната мафија.
Важно е да градиме по план“ – вели Мицкоски.
17.11.2023 - 18:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа