Мицкоски за загинатите припадници на МВР во Диво Насеље: Тие се хероите на новото време

 

-Денес токму од Тетово дозволете да се обратам за два важни моменти. Првиот е 9 мај денот на Европа, вториот е 9 мај денот кога се случи пресметката во Диво Насеље и каде животот го загубија 8 припадници на Македонските безбедносни сили. Има такви кои се пресметани и кои на статуси се најјаки да водат политика, но кога ќе дојде мегдан да говорат за овие теми, тогаш си велат подобро да не се бранува јавноста. Епа не е така. Власта овие теми ги става под тепих, а јас сакам јавно  да зборувам за вистината, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски во своето обраќање на денешната трибина во Тетово во организација на партијата насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“.

Мицкоски во своето обраќање истакна почит за 8те припадници на МВР кои како што рече тој 9ти мај 2015та година го бранеле Уставот, слободата и суверенитетот на Македонија во кумановското Диво Насеље, потенцирајќи дека за него тие се хероите на новото време кои го жртвуваа најсветото за мирот и слободата на граѓаните на Македонија.

-Им оддавам почит на 8-те припадници на МВР кои ги бранеа тој 9 мај 2015та година Уставот, слободата и суверенитетот на Македонија во Диво Насеље. Тие за мене се херои на новото време, кои го жртвуваа најсветото за нашиот мир, за нашата слобода, истакна Мицкоски и децидно порача дека нема да дозволи да се наруши и погани со ниту еден политички пазар за слобода на криминалците и терористите.

И тој мој поклон за нивното дело не давам да се наруши или погани со ниту еден политички пазар за слобода на криминалците и терористите кои го нападнаа мирот, и ги убиваа овие македонски херои. Пазар и политика каква во континуитет се прави над нивната судбина актуелната власт, јас нема да правам. И тоа распродавање и пазар со нивното дело и имиња го прават само за да обезбедат опстојување на коалиција ДУИ-СДС, за само уште некој ден повеќе го крадат народот што е плаќање скапа и нечесна цена, рече Мицкоски.


 

09.05.2023 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега