Мицкоски: Жените се столбот на едно семејство и на секое општество

 

Жените се столб на едно семејство и на секое општество, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, додавајќи дека нивната истрајност и сила се симболот на животот.

-Затоа ја заслужуваат сета почит на светот, не само на овој ден, туку секој час и секој миг од годината, напиша тој на Фејсбук.

Вели, жената во Македонија е хероина на денешното време.

-Тие се рамни на мажите, а во некои случаи покажале многу поголема храброст и мудрост. Вредноста на едно општество се мери во тоа колку тоа општество е еднакво и дава еднаква можност на сите без разлика на полот, верата и било која припадност. Нашата цел е токму таква Македонија да изградиме, Македонија во која мажите и жените ќе бидат рамноправни и рамноправно ќе се борат за своето место под сонцето, за себе и за својата татковина. Жената е пример за тоа како се сака и се жртвува една личност за своите животни цели. Жената во Македонија е хероината на денешното време која знае да се бори и таа борба е безрезервна. Пред тоа човек може само да симне капа и да го следи нивниот пример, се вели во неговата објава.

Нека е честит 8-ми Март, нека ви е исполнет со радост, успеси и сила секој ден во вашиот живот“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

08.03.2024 - 20:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега