Мицкоски:Имавме талибански избори, кои завршија со мобинг и политички реваншизам од страна на власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за Радио Слободна Европа зборуваше дека во Република Македонија поради криминалната влада на СДСМ има талибански избори. Имено на споредбата  дека на последните избори во Авганистан  околу 170 луѓе загинаа во ракетни напади, дента на изборите, а околу 20  и при напади на самите избирачки места при моментот на гласање меѓународните набљудувачи во Авганистан насилството го препознаваат како многу поголем проблем отколку уцените беше запрашан каде тој  ја гледа сличноста меѓу македонските и талибанските избори, Мицкоски одговори:

- Сега ќе ви дадам една споредба, затоа што повторно треба да споредуваме споредливи работи. Претпоставувам и во мирнодопски  услови  таму без да има изборен процес има жртви поради самата ситуација во државата во која што се наоѓа државата. А кај нас таков тип на жртви се сите оние кои што денеска се преместени да речеме од ЕЛЕМ во Скопје, во Кичево во Осломеј во Кичево, па секој ден треба да патуваат 30-тина луѓе 250 километри за да можат да бидат сеуште на работните места и замислете сите тие се некако поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, активисти, биле препознаени во кампањата во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, штандовите итн. Понатаму ако политичката пресметка во Авганистан завршува со жртви, кај нас завршува со мобинг и со бркање од работа, такви се случаевите да речеме во МВР, имаме стотици случаи коишто практично значат политички реваншизам, преместувања, деградирања, буквално се погазува онаа чест која што тие луѓе ја поседуваат во себе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега