Мицковски: Од „Левица“ зависи дали ќе биде дел од опозициската коалиција

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски попладнево преку својот фејсбук профил изрази жалење што раководството на „Левица“ ја одбива, како што вели, подадената рака за обединување со опозицијата.

–  Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичкото искуство на раководството на Левица. Впрочем, никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт. Побаравме да се обединиме да го срушиме Заев, а фактите говорат дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ/ДУИ на власт. Еве шанса да се поправи грешката која сите нас скапо не чини. Да се обединиме во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ. Целта е коалиција против криминал и корупција, за вадење на Македонија од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство, напиша Мицковски.

Наведува дека од „Левица“ зависи дали ќе биде дел од опозициската коалиција.

19.08.2021 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега