Милано: Средношколец прободел професорка со нож

 

Средношколец ја нападнал својата професорка со нож во Милано.

Елизабета Кондо (52), професорка во средно училиште, била прободена во пределот на главата и рацете по што била веднаш хоспитализирана.

Италијанските медиуми соопштуваат дека повредите кои ги здобила не се многу сериозни.

Напаѓачот според досегашните информации, им се заканувало и на соучениците со пиштол играчка, заканувајќи им се да излезат, пред да биде запрен од полицијата.

Момчето било запрено од полицијата, а и тој со полесни повреди бил пренесен во болница во Милано.

29.05.2023 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега