Милевски: Франција Ви благодарам, но не

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски на неговиот профил објави статус преку кој ѝ се заблагодари на Франција за предлогот, меѓутоа истиот е неприфатлив за него.

Милевски вели дека јазикот не може да биде компромис затоа што тоа прашање се реши веќе со Преспанскито договор.

„Билатералните спорови не смеат да станат Европски услови, како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше проблем за влез на Хрватска во ЕУ. Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија. Секое предлог решение мора да добие согласност од Македонскиот парламент. Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор“, смета Милевски.

Милевски исто така додаде дека со Преспанскиот договор веќе се гарантирал влез на Македонија во НАТО и ЕУ.

„Со Преспанскиот договор се гарантираше влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Ако сега едниот гарант на договорот ЕУ, не го почитува договорот, тогаш се доведува во прашање и смислата на самиот договор и колку Македонија треба да го почитува. ЕУ треба јасно да се изјасне, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен ни е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманенти условувања. Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со своја вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата. Историската комисија да достави на увид што се договориле со нивните колеги од Бугарија. Не може 3 историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус. Ова е мој личен став кој ќе го застапувам во рамките на партијата и Владата“, напиша Милевски.

21.06.2022 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега