Милевски за понудата за широка Влада: Ако сакаат нека се земат, ние на таква свадба не одиме

Претседателот на Либерал-демократската партија, Горан Милевски експресно ја отфрли идејата за широка Влада што вчера ја начна премиерот Зоран Заев.

Според него, ЛДП нема да учествува во таква широка коалиција.

-Ако си се сакат, нека си се земат. ЛДП на таква свадба нема да присуствува, напиша кратко Милевски на Фејсбук.

Ако си се сакаат, нека си се земат. ЛДП на таква свадба нема да присуствува.

Posted by Goran Milevski on Saturday, 6 March 2021

Премиерот Заев вчера во интервју за Слободен печат на ВМРО-ДПМНЕ ѝ понуди широка коалиција. Идејата ја појасни со примерот на Германија каде ЦДУ и СДП веќе 15 години се заедно на власт.

Првиот човек на опозицијата, Христијан Мицкоски смета дека ова е очајнички потег од немоќ.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вчера во тетовско Доброште изјави дека нема дијалози за создавање на, како што рече, некое партнерство за коалиција. 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2021 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега