Милошоски: Коруптивното профитерство на Заев и Филипче за набавка на вакцини преку фантом фирма е и морално и кривично дело кое го загрозува здравјето на граѓаните

Денес тука заедно со колегите пратеници Иван Јорданов и Тимчо Муцунски ќе оствариме средби со повеќе стопански и здравствени субјекти во Штип. Пред се за да се информираме за стопанската состојба во градот која што е многу загрижувачка, гледаме дека има дополнителен број на 5.500 нови невработени лица што претставува огромен товар за стопанството во Штип и за самите граѓани, рече на прес-конференција пратеникот Антонио Милошоски.

-Исто така ја даваме симболична изјавата тука од пред Клиничкиот центар затоа што сегашната неспособна Влада која што имаше можност да ја продолжи изградбата на овој Клинички центар и со тоа да ги подобри здравствените услови не само за Штип туку и цела Источна Македонија. Гледаме дека до ден денес ништо не направи освен тоа што во Собранието поднесоа предлог на закон од 9 члена со кои што на еден според мене сомнителен начин веројатно со претходно земено аванс сакаат да градат некаков замислен клинички центар од 500.000 милиони евра. Но сметаме дека нивната неспособност и корумпираност се докажа во овој период. И главната порака денес од тука од Штип до македонските граѓани е дека јавното обвинителство треба да се позанимава со случајот во министерството за здравство и набавката на вакцини преку фантом фирма која била регистрирана во само во еден даночен рај и докажува дека министерот за здравство и премиерот Заев трчале повеќе по провизии отколку што им биле важни вакцините и веројатно затоа е вратен авансот од кинеска страна и обвинителството би требало да истражи во оваа коруптивна афера на која сметка се уплатени парите од авансот, кој бил износот од парите од авансот и од која сметка се повлечени, односно дали оваа фантом фирма со само тројца вработени е фирмата преку која што Владата имала намера да остварува провизии на сметка на здравјето на граѓаните кои во меѓувреме бројот на заболени многу се покачува и за жал бројот на жртви секојдневно расте, истакна Милошоски.

Сметаме дека едно вакво коруптивно профитерство за вакцини преку фантом фирма е и морално и кривично, едно неубаво дело, незаконито дејствие кое ги доведува во голема опасност во овие неколку изминати месеци граѓаните на Македонија и јавното здравје на сите нас. Тоа би биле пораките денес, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2021 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега