Министерот призна дека добил гратис авионска карта и ВИП влезница: Тупанчевски го платил само сместувањето

Министерот за правда Никола Тупанчвески во изјава за А1он признал дека не ја платил картата за чартер-лет и влезот во стадионот во Палермо.

Откако целата јавност го виде на малите екрани дека е на трибините и ја бодри репрезентацијата на Македонија, министерот фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил по четири дена од одржувањето на натпреварот.

Пред само неколку дена, министерот Тупанчевски тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.

– Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив – рече министерот Тупанчевски во интервјуто за Трилинг.

05.04.2022 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега