Министерот Тошковски во посета на СВР Тетово: Презентирани информации за тековната работа на секторот
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Секторот за внатрешни работи Тетово каде одржа работен состанок со раководството. Тој од раковотството побара во престојниот период да постапува максимално профеисонално во рамки утврдени правила и законски прописи. Само на таков начин може да се спроведат мирни и демократки избори, а секој граѓанин слободно да го оствари своето право на глас – рече Тошковски.
Од страна на раководството на СВР Тетово беа презентирани информации за тековната работа на секторот и позначајните настани при што беше истакнато дека генерално безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива секторот е стабилна. Исто така, во однос на изборите кои што следуваат началникот на СВР Тетово истакна дека не треба воопшто да се доведува во прашање професионалноста на полициските службеници и дека ќе преземе се што е во негова надлежност со цел изборниот процес да помине во мирна и демократска атмосфера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа