Министерството за политички систем поучува млади лидери за градење мир и соживот по повод 22 години од Охридскиот рамковен договор

 

 

Во рамки на одбележувањето на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, по втор пат ја организира Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ (ПФД) со над 80 учесници.

Како што соопштуваат од Кабинетот на вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, преку „Peace Forum Dialogue“ на младите им се дава можност да стекнат знаења за функционирањето на политичкиот систем во земјата, спроведувањето на политиките кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, унапредувањето на меѓуетничките односи, управувањето со конфликти, градењето мир, социјалната кохезија, консензуалната демократија, градењето мир и соживот меѓу етничките заедници и интеграција на граѓаните во јавниот, социјалниот, економскиот и културниот живот.

На првиот ден на отворањето на форумот во Маврово, вчера се обратил заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Џабир Доко кој истакнал дека Школата за млади лидери нуди можности за учесниците да се стекнат со нови знаења од најдобрите експерти во земјата и регионот.

 
13.08.2023 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега