Мисајловски: Секој што има чесна намера и сака Македонија да победи, да ни се приклучи
Заедничка цел на сите нас е како да ја поразиме неспособната власт на СДСМ и ДУИ, пишува на својата Фејсбук страница потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
Според него, доста е од оваа, како што вели, ненародна и неспособна власт.
-Ако ја делиме истата цел и навистина сакаме да ги смениме, тогаш ги повикуваме сите од опозицијата, но и секој што има чесна намера и сака Македонија да победи, да ни се приклучи. Доста е од оваа ненародна и неспособна власт! Ајде сите заедно на обединување и промена, не само на локалната власт туку и на централната власт. Ако се сака, се се може!, пишува Мисајловски во својата објава, се вели во објавата на Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа