Митева: Дефиниција за СДСМ е кога на неспособноста, незнаењето и криминалот ќе додадете ароганција

На денешната трибина „Ценовен шок, сиромаштија и неспособна влада“ која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ , свое обраќање имаше и Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ која што истакна дека струјата е скапа затоа што ЕЛЕМ произведува 1 милион мегават часови помалку, инфлацијата не е увезена туку е создадена од неспособноста на власта, а дефиниција за СДСМ е кога на неспособноста, незнаењето и криминалот ќе додадете  ароганција.

„Континуирано се повторува тоа дека имаме намалено производство, дека имаме увезена електрична енергија, за да им биде појасно на граѓаните, можеме да им кажеме дека тој 1 милион мегават часови кој што е намалено производство, ние го купуваме за 250 евра на берза, односно тоа се 250 милиони евра кои што ние на годишно ниво ги даваме за електрична енергија а притоа сме можеле тоа да го направиме со домашно производство. Тоа се пари на граѓаните кои што можеле да бидат инвестирани во некои други капитални инвестиции“, нагласи Митева.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Митева исто така нагласи и дека оваа состојба на инфлација во Македонија не е увезена, туку е создадена од оваа неспособна влада а дефиниција за СДСМ е кога на неспособноста, незнаењето и криминалот ќе додадете и ароганција.

„Кога на неспособноста, на незнаењето и криминалот ќе му додадете и ароганција тоа е типична дефиниција за СДСМ. Жал ми е што не успеавме да ја прокоментираме и изјавата на Битиќи каде што наместо да смислува мерки со кои што ќе помогне на пазарната економија и на луѓето кои што поради нивните мерки сега треба да ги зголемат цените на производите напротив упатува закани дека ќе прати инспекции. Тоа е вистинското лица на СДСМ,каде што неспособноста, незнаењето и криминалот го надополнуваат со ароганција, наместо со помош кон граѓаните и кон оние што треба“, заклучи Митева.

 

05.06.2022 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега