Тошковски: Поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”


Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена к
ривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”.
„На ден 11.05.2023 година на ул. Беласица во Скопје, поточно под мост "Беласица“ предизвикан е пожар на "просторија за компензација на тополовод" во истиот мост, на левиот брег на реката Вардар, кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ - снабдување со топлина, при што предизвикани се и топлински оштетувања на наведениот топловод како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.
Со наведеното дејствие извршено е кривично дело "Тешки дела против општата сигурност" по чл. 292 од КЗ, а во врска со кривично дело "Предизвикување општа опасност" по чл. 288 од КЗ за што од страна на Единица за насилен криминал при СВР Скопје преземени се опсежни оперативни мерки за откривање на сторителот на истото.
По изготвувањето на анализи во Одделот за форензички испитувања на подигнатите траги од лице место (отпушоци од цигари и запалка) од страна на полициски службеници извршен е разговор со повеќе лица при што е утврден сторителот на горенаведеното кривично дело, лицето И.Х.(37) од Скопје и против истиот на 10.05.2024 година до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава“, истакна Тошковски.
Тошковски нагласи дека пријавениот И.Х. од 12.09.2023 година се наоѓа на издржување казна затвор во КПУ "Скопје" поради сторено кривично дело "Тешка кражба" по чл. 236 од КЗ.
10.05.2024 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега