Митева: Граѓаните од овој месец ќе плаќаат по 500 до 800 денари повеќе за струја и парно засебно

-Кризата со снабдување со топлинска енергија е четвртата криза која е реалност заради лошото владеење на СДСМ. Граѓаните се соочуваат со поскапи сметки за парно греење и струја затоа што власта е неспособна да изнајде решение. Неспособноста на СДСМ сега граѓаните ја плаќаат преку буџетот. Снабдувањето со електрична и топлинска енергија е доказ дека економскиот и енергетскиот тим на СДСМ нема идеја и нема план како да се справи со кризите кои сами ги создадоа, истакна портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа истакна дека граѓаните од овој месец ќе плаќаат по 500 до 800 денари повеќе за струја и парно засебно.

-Тоа се 1000 до 1600 денари зголемен трошок само за овие две работи по домаќинство. Инфлацијата веќе неколку месеци го јаде буџетот на граѓаните.  Цената на парното греење ја одредуваат вршителите на јавни услуги - снабдување со топлинска енергија, а цената ја регулира РКЕ, додека владата е единствен субјект кој што може да влијае снабдувачите да добијат поевтин гас. Но СДСМ не е способна пред се да предвиди каков ценовен шок ја очекува Македонија со енергенс како гасот, а дури потоа да предвиди кои мерки се оправдани за неутрализирање на кризата. Ваквата неспособност на СДСМ секојдневно го намалува стандардот на народот, изјави Митева.

Поради недомаќинското работење на власта сме на раб да останеме без топлинска енергија. Доколку навреме се справуваа со енергетската и топлинската криза и ако владата работеше одговорно, ваков ценовен шок граѓаните немаше да доживеат, додаде портпаролката на најголемата опозициска партија. 

20.01.2022 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега