Митева: Османи го прекрши Уставот за тоа мора да има одговорност
Бујар Османи да не молчи по повредата на Уставот и амандманот V и веднаш да поднесе оставка, а потоа да следи одговорност за истото. Поразите кои Македонија ги трпи однадвор, веќе доста долго време се и порази кои пред се доаѓаат одвнатре, од именуваните лица во владата на СДС и ДУИ, и тоа мора да биде санкционирано, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Македонскиот јазик е единствен официјален јазик за меѓународна употреба, а Османи со користење на друг јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Република Македонија во меѓународните односи ја суспендира јасната одредба од Уставот.
Имено, во амандманот V на членот 7 во ставот 1 јасно пишува дека на територија на државата и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо. Бујар Османи треба да го прочита и Законот за употреба на македонскиот јазик, конкретно членот 2 став 2 според кој употребата на македонскиот јазик како службен јазик е право и должност на сите граѓани на републиката.
Почитувани,
Уставот на Република Македонија е највисок правен акт, а тоа претставува обврска на секој граѓанин да го почитува целосно и доследно. Именуваните лица имаат особена обврска при нивното функционирање да се водат исклучиво врз правата и должностите кои произлегуваат од Уставот и Законите. Со овој потег, Османи го наруши угледот на Македонија и покажа непочитување кон сите граѓани на Македонија, за ова мора да има одговорност, рече Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа