Митева: Оваа влада не е способна да одговори на уште една криза

Македонија со оваа власт не е спремна да одговори на уште една криза покрај тие 4 кои веќе ги имаме, имајќи го предвид она што се случува и на економско поле и на надворешен план и ценам дека оваа влада нема капацитет да се справи со уште една криза, особено не од такви размери, изјави Марија Митева, член на ИК и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, за Анализа на 24 Телевизија, говорејќи во врска со можните последици од настаните во Украина и посочи дека мора како држава да ја следиме ситуацијата.

Митева истакна дека плаши фактот што кризите во Македонија брзо доаѓаат и траат многу долго и додека сите држави вее прават анализи, нашата влада се уште не презема никакви чекори.

- Она што мене ме плаши е дека во Македонија кризите брзо доаѓаат, траат многу долго, но бавно се надминуваат. Во една ваква консталација на настаните не можеме да очекуваме дека нас ќе не одмине, а гледаме дека останатите држави од регионот и светот веќе прават определени работни тела во кои членуваат определени владини претставници, на стопански комори, енергетски субјекти и прават анализи кои се очекувањата за 2 дена, 2 месеци или 1 година и врз основа на тоа ги прават своите економски проекции, посочи Митева. 

Таа нагласи дека подобро е владата да се занимава како да ги неутрализира ефектите кои македонската економија ќе ги има. 

Ако ние сме свесни дека Германија увезува гас од Русија , односно 40% нафта увезува, а 50% гас, а ако на Македонија топ држави со увозна и извозна соработка се Германија и Италија, би требало економскиот тим во државата да се запраша каков ефект ќе има тоа врз фирмите кои склучиле договор за набавка на 5 години, или суровините со железо и челик кои се очекува дека ќе растат, а се основен ресурс на индустријата како што се автомобилската и машинската,  бидејќи имаме голем број на компании кои се занимаваат со тоа, изјави Митева.

23.02.2022 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега