Митева: Самопрогласените европјани СДС и ДУИ, добија потврда од Стејт департментот дека се вплеткани во големи криминали и корупција
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со тематски трибини на кои што ќе зборуваме за актуелните случувања и она што навистина ги загрижува граѓаните на Македонија а тоа е високиот степен на криминал и корупција кои што владее, овој пат под слоганот Пораки од реалниот живот, затоа што она кое што го презентира власта нема никаква врска со реалноста и со секојдневието со кое што граѓаните во Македонија се соочуваат поради криминалот и корупцијата на власта, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во организација на партијата насловена „Криминал и корупција“.
Митева изјави дека случајот за струшкиот градоначалник од ДУИ Рамиз Мерко и ставањето на црната листа на САД всушност покажува дека токму врвот на власта е тој кој што го стимулира и подржува криминалот и корупцијата, наместо да се бори против истиот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа