Митева: Скриптите за учење со еднократна употреба чинат над половина милион долари

Неспособноста на власта резултира со немање на учебници за учениците од основно образование до денес, 20.10 два месеци од почетокот на учебната година. Имено, МОН платило половина милион евра за еднократна употреба на скрипти и на прашањето кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа, од МОН до денес немаме одговор. Оваа порака денеска ја упати портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Но која е вистината? Ова е документ од Светска банка од кој може да се види дека на 15.08.2022 година се обезбедени половина милион американски долари на фирмата ТРИМАКС ДОО Скопје за подготовка, печатење и дистрибуција на материјали за учење во основното образование. Она што е фрапантно во целава ситуација е што иако се додели половина милион долари за подготовка, печатење и дистрибуција, дополнителни 100.000 се потрошени само за печатење. Значи, повторно се плаќа двојно за една иста работа.

Имено, овие средства се дел од програмата на Светска банка за проектот за унапредување на основното образование, вреден 21,5 милиони евра кој го потпиша МОН во 2020 година и има за цел долгорочен развој на македонското образование преку 4 компоненти и тоа:

- подобрување на училишната инфраструктура,

- развивање на програма за државно тестирање,

- зајакнување на компетенциите на наставниот кадар и

- мониторинг и управување на проектот“, изјави Митева.

Наместо за долгорочен развој како што е предвидено во самиот проект, овие 552.703 американски долари завршиле за покривање на неспособноста на власта. Тоа што власта не успеа до денес да обезбеди учебници, а голема е веројатноста и првото полугодие да заврши без учебници, е причината поради која парите кои што можело да бидат наменети за долгорочен развој на образованието и кои што би служеле за повеќе генерации, се трошат на скрипти од 100-на листови хартија со употребна вредност од два месеци, додаде Митева.

20.10.2022 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега