Митрески: Aнтифашизмот мора да важи и за политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ да не молчи за Законот од СДСМ

 

 

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за политички партии. Во период кога сме сведоци на провокации кои предизвикуваат крајно непријатни чувство во јавноста, покрај нов Закон за здруженија, потребни се измени и на Законот за политички партии, изјави на денешната прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Тој додаде дека со измените на овој Закон предлагаме политичките партии во своите програми, имиња, статути и обележја, да не можат да бидат насочени кон разгорување на национална расна или верска омраза, етничка нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, ширење или поддршка и промоција на фашизам, нацизам, национал – социјализам или Третиот рајх или повикување на личности и настани поврзани со фашизам нацизам, национал -социјализам или Третиот рајх.

Митрески наведе дека како народни избраници, го поддржуваат правото на здружување и политичко дејствување, но мора да застанеме во одбрана на вредностите на коишто се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности. Овие предлог измени на Законот се токму тоа.

Тој ги повика сите пратеници од сите пратенички групи да дадат поддршка на измените Законот за политички парти.

Бидејќи и политичките партии се здруженија, кои по својата цел се на едно повиско ниво бидејќи ја бараат довербата од граѓаните, еве шанса секоја партија да покаже дека стои на зборот и да го поддржи овој закон. Заедно, преку системски решение, да се спротивставиме на појавите кои промовираат и величаат фашизам и наципнал – социјализам, изјави Митрески.

18.10.2022 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега