Митрески до ВМРО-ДПМНЕ: Не знаете што правите, нервозни сте поради одлуката од Стразбур

 
ВМРО-ДПМНЕ не знае што прави во Собранието, јасно е дека целата нервоза е поради одлуката од Стразбур, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски вечерва од собраниската говорница. 
 
-Вчера цело време забележувавте зошто работиме до 18 часот и велевте дека морате да реагирате затоа што таква ви е насоката од партијата. 
 
Денеска велите зошто работиме после 18.00 часот. Не знаете што правите. Ја разбирам нервозата на ВМРО-ДПМНЕ а таа е поврзана до одлуката од Стразбур, рече Митрески.
 
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, посочи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо дебата и издржана дискусија само одолговлекуваат, реплицирајќи си меѓу себе, со Левица, со нивниот коалициски партнер.
 
-Меѓу себе си реплицирате, со вашиот коалициски партнер. Се мислевме дали го чекате вашиот вистински лидер Апасиев да дојде и со него да си реплицирате, додаде Митрески. 
 
Тој побара 1 час пауза за ВМРО-ДПМНЕ да се договори што ќе прави
 
-Бидејќи не може да се договорите што ќе правите и што правите, барам 1 час пауза за да може меѓу себе да се договорите што ќе правите, посочи Митрески.
16.02.2023 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега