Митрески: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината, нервозни се

„Денеска во македонското Собрание целата јавност се увери дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината, се плашат од аргументите, од обраќањето на премиерот Ковачевски и говорите на пратениците од мнозинството. Нервозни се затоа што сите нивни лаги, измислици, шпекулации, се поразени, потопени“, порача попладнево на прес-конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

„Ги слушнаа силните пораки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Македонци, со чист македонски јазик во ЕУ, без додавки, модификации, квалификации. Ревидираниот предлог го потврдува македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, а билатералните прашања не се услов ниту дел од преговорите. Македонската вистината е една и ниту едни лажни патриоти, со вувузели не можат да ја замолчат. Антиевропската коалиција која е против ЕУ, толку може. Тензиите и крвавите сценарија кои намерно ги ширеа по улиците и не им успеаја, сакаа да ги пресликаат во Собранието, ама не можеа, им пропаднаа, не им дозволиме“, рече Митрески.

Тој порача дека „гласот на македонски јазик нема да го замолкне никој, ниту во македонското Собрание, ниту никаде. Македонски јазик ќе ечи и во ЕУ. А овие деструктивци, примитивци, осуден криминалци нема да ја закочат државата“.

14.07.2022 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега