Млад скопјанец загинал во сообраќајка кај Пробиштип

 

Едно лице загина на лице место, а друго со тешки повреди било префрлено во болница, откако кај Пробиштип автомобил излетал од патот и се првртел.

- На 13.08.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Ратвици, на место викано „Леговец“, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Скопје, излетало од патот и се превртело.

Во незгодата, на местото на настанот починал сопатникот Ф.С.(24) од Скопје, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип- соопштуваат од полиција.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега