Млад струмичанец со „БМВ“ излетал од пат

Денеска во 01.55 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат меѓу селата Добрејци и Василево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р.(22) од Струмица, управувајќи патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки излетал надвор од патот, информира МВР.

МВР соопшти дека во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

10.08.2022 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа