„Моден криминал“: Манекенката потрошила илјадници евра за најгрдиот капут кој ќе го видите оваа сезона

Манекенката Хејли Бибер, која што е сопруга на пејачот Џастин Бибер, често знае да изненади со изборот на своите парчиња облека.

Тоа што може да се забележи е дека таа и нејзиниот сопруг се облекуваат слично. Имено, станува збор за стил кој што е изразувачки конформистички, а се состои од удобни патики, широки фармерки и панталони, односно од гардероба која што е неколку броеви поголема од бројот кој што одговара на нивната телесна тежина.

Сепак, манекенката успеала повторно да изненади со своето издание. Сите се вртеле да ја видат госпоѓата Бибер која на улица се појавила во „оверсајз“ капут, во жолтеникава боја кој што не би бил толку забележлив доколку на неговите краеви немал реси кои што висат, како „џиновско парче облека“.

Инаку, капутот е дизајниран од дизајнерот Даниел Ли кој што го презел креативното лидерство на класичниот италијански бренд „Bottega Veneta“.

Оваа модна куќа е позната по своите врвни чанти и капути, а последнта колекција била инспирирана од реси, но истата не го прославила. Цената на ваквиот капут е околу 7.000 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа